На 26 километри северо-западно од Прилеп, по патот кон Македонски брод, се наоѓа се наоѓа манастирот во Зрзе Св. Преображение кој датира од 14ти век.

На 6 км од центарот на градот Прилеп, издигнат високо од карпите во планината се иправа манастирот Трескавец пркосејќи им на природните и овоземните искушенија. Името го добива поради грмотевиците кои често удираат тука.

Без оглед на тоа дали сте тргнале на кратка прошетка или пак на еднодневен излет, со автомобил, велосипед или пеш, во зима или налето, на средината на патот до врвот на Водно се отвара најубавата глетка на црквата Пантелејмон.

Свежината која доаѓа од близина на водата, покрај плодното земјиште, на точно 20 км од Скопје, во долината на Маркова река е од Марковиот манастир кој дава една посебна енергија на целото опкружување.

Најголемиот духовен центар во Тетовско или уште попознат како Лешочки манастир е сместен во природен амбиент придружен од чист планиски воздух во т.н. Горно Лешочко маало во село Лешок на висина од 610 м.

Додека се искачувате со возилото по стрминиот пат кој ни одблизу не е лесен, на надморска височина од 870 м, на југозападните падини на планината Осогово, не можете ни да замислите што ве чека горе.

Во Струшкиот регион, особено околу Охридското езеро се наоѓаат многубројни пештери-црквички кои биле вистински прибежишта за монасите кои живееле таму пред многу години.

Во прегратките на бујните шуми на северозападните падини на планината Бистра, во карпите на кањонската долина на реката Радика, цврсто се надѕира манастирот Свети Јован Бигорски.

На само неколку километри од Крива Паланка, во месноста Сарандопор се наоѓа манастирот посветен на св. Јоаким Осоговски. Се верува дека овој подвижник поседувал чудотворна моќ на лекување и поради тоа во неговиот манастир доаѓале болни од најразлични краишта да ги почувствуваат неговите исцелителни моќи.

logo-medium.png

Барај