Само една светла точка на мапата, малото село Јанче е едно од ретките места во Мавровскиот крај (покрај ски-центарот), каде што е можно да се добие пристојно сместување.

Селото Вевчани датира уште од 9ти век и е тивка рурална населба омилена на локалното население за своите традиционални ресторани и природните извори.

Во подножјето на Баба планина, на само пет километри од Битола, на надморска висина од 830 метри се наоѓа шармантното село Дихово, опкружено со густа борова шума и брзи планински потоци.

Оригиналноста и уникатноста на местото наречено Трпејца се причина зошто ова магично и неверојатно место го споредуваат со познатото Сен Тропе. Многумина и така милуваат да го нарекуваат малото рибарско селце кое е сместено на еден рид.

Со само една прошетка по околните ливади и недопрената природа, чекорејќи по беспрекорниот килим од диви треви и вдишувајќи го опојниот мирис на природните чаеви, се сигурни знаци дека се наоѓате на вистинското место- Лазарополе. Второто по големина село во Малореканскиот предел оддалечено е 5 часа од градот Дебар, на надморска висина од 1.350 метри.

Возејќи се по патот Маврово - Дебар, поминувајќи го живописниот Кањон Радика, од левата страна на патот кон Дебар се распостилаат фантастичните украси на малореканскиот крај, познатите мијачки села.

По патот кој води до Мавровско езеро, одминувајќи ги викендичките што се наоѓаат во близина, ако скршнете за миг по тесниот локален пат ќе се најдете веднаш во крилјата на едно од најубавите планински села во Македонија - Галичник.

Вгнездено длабоко под пазувите на планината Баба, доколку сте вистински трагач по убавините на источниот брег на Преспанското езеро ќе го откриете ова мало мистично селце Брајчино со неверојатен шарм и алтернативен туризам.

logo-medium.png

Барај