Најголемиот културен град во југоисточниот дел на Македонија - Струмица, со своите 35.311 жители е сместен веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Грција од југ и Бугарија од исток.

Во срцето на Источна Македонија близу долината на реката Брегалница, заспива еден од најстарите градови - Штип. Заземајќи површина од 13.5 км2 и надморска височина од 300 метри, Штип е поделен на повеќе маала, меѓу кои Леваците и Деснаците.

Да почнеме со името на градов. Пред 1000 години сега каде што е Куманово постоело некое племе Кумани, праеле ршум, никој не им можел ништо, и толку. Нема други податоци, легенди, преданија. Куманово е населено од заебано воинствено племе.

Она по што се разликува овој магичен град од останатите градови во Македонија е типичната староградска македонска архитектура и безбројните мостови и кули. Кратово е сместен во североисточниот дел на Македонија и се вбројува како еден од најстарите градови во кој сеуште пулсира живот.

Гевгелија, град или мало срдечно населбиче?! Шала на страна, гевгеличани не заслужуваат ваков ремет. Сепак е тоа градче со срдечни и гостопримливи луѓе. Исто како и другите градови, и гевгеличани си имаат свои приказни и легенди за местото каде живеат.

До пред некое време се мислело дека името на Виница потекнува од турскиот збор „арамија“, па на македонски си го превеле во Виница од „вина“. Тоа практично да немало никаква врска со оригиналното име.

logo-medium.png

Барај