Во светот на високите карпи, чудесните пештери, лековитите води и растенија за кои се верува дека им помагаат на глувонемите, онаму каде што се слушаат ретки звуци од трепетот на ендемските видови пеперутки, се сокрива таинсвената Матка.

На надморска височина од 165 метри, на точно 12 км од Кавадарци, сместено на самото корито на Црна Река, мирува Тиквешкото Езеро.

Мавровското Езеро кое спокојно се одмора во познатиот национален парк, изградено на Мавровската Река во Мавровската Котлина спаѓа меѓу трите најголеми вештачки езера земјата. Широчината на езерото е 1,46 км, во периоди кога нивото на водата е највисоко, а длабоко е 51 м.

Вештачкото езеро Козјак е сместено во западниот дел на Македонија кое му припаѓа на Поречкиот крај. Носејќи го истото име како и планината Козјак, сместена во североисотчниот дел на земјата, жителите на Поречкиот крај сметаат дека името Поречко езеро подостоинствено му прилега на ова езеро.

Во непосредна близина на рударското гратче Македонска Каменица се наоѓа Оризовото Езеро или уште попознато како вештачкото езеро Калиманци кое ја крие тајната на најквалитетниот и надалеку прочуен кочански ориз.

Кога ке се одлучите да одите накај Охрид по мавровскиот пат, скршнете за миг од посакуваната дестинација и дозволете патот да ве одведе на едно поинакво место кое крие посебна магија. По патот за Дебар, ќе бидете заслепени од проѕирното синило на Дебарското езеро, но и по малку ќе се изненадите од мирисот на сулфур.

logo-medium.png

Барај