Во југоисточниот дел на Македонија, на границата со Грција сместено е едно од трите македонски езера, Доранското езеро. Најзпознатата легенда зборува дека некоја девојка била толку заслепена и занесена од љубовта кон своето момче што заборавила да ги затвори изворите кои прелевајќи го целото поле го создале езерото.

Второто по големина езеро, Преспанското езеро е сместено во крајниот југозападен дел, на тромеѓата на Македонија, Албанија и Грција, од кои 176,8 км2 влегуваат токму во границата на Македонија.

Трагите од прастариот живот на дното од неговите води ја одредува и староста на Охридското езеро меѓу 4 и 10 милиони години, а тоа воедно го прави и најстарото езеро езеро во Европа и едно од најстарите во светот.

logo-medium.png

Барај