Здружение Планинарски Спортски Клуб КОЖУФ Гевгелија организира Патронат на Планинарски дом "Томе Шутов - Кротки" 2018. а оваа година патронатот е и дел од календарот на активности на Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија.

И оваа година по 5ти пат се организира патронатот на Планинарскиот Дом Томе Шутов - Кротки, Пл. Дом кој се наоѓа во село Конско во подмножјето на Кожуф планина.
https://www.facebook.com/Planinarski-Dom-Tome-Sutov-Krotki-1406981082885701/ 
Во чест на патронатот ке го искачуваме врвот Двете Уши 1766м. кој се наоѓа на Кожуф планина, и е еден од најпознатите врвови за Гевгеличани а се наоѓа и на грбот на градот.

ПРОГРАМА 
18.11.2018 г. (Недела)
- Поаѓање во 07 - 00 часот од пред паркингот кај спортската сала 26ти Април ( за учесниците од Гевгелија )
- Старт на акцијата Пл. Дом Томе Шутов - Кротки 08 - 00 часот
- Маршута : Пл. Дом Томе Шутов - Кротки 625м.н.в. - Манчева Пресека - Сиглица 1200м.н.в. - врв Двете Уши 1766м.н.в.( и назад по истата маршута)
- Должина на патеката во еден правец е 8км, со висинска разлика за совладување од 1125м. ( патеката спаѓа во НАПОРНИ патеки ).
- Пристигнување на врвот околу 12 часот, мала пауза и враќање назад по истата маршута.
- 15 часот пристигнување на Пл. Дом Томе Шутов - Кротки, доделување на Благодарници на сите Планинарски Друштва / Клубови, како и на најстар и најмлад учесник, а потоа ручек планинарски грав и топол чај,обезбеден од организаторот на Патронатот ЗПСК КОЖУФ Гевгелија.
- 17 часот завршување на патронатот.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА 
- мал ранец 
- соодветни чевли ( по можност планинарски )
- мантил за дожд
- јакна, капа и ракавици

ПРЕВОЗ 
- Членовите на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија 100ден.
- Останатите учесници планинари од другите градови СОПСТВЕН ПРЕВОЗ до с. Конско (Пл. Дом Томе Шутов - Кротки)

НАПОМЕНА:
- Сите кои се заинтересирани да учествуват на овој меморијал а се од Гевгелија задолжително пријавување во канцеларијата на Здружение Планинарски Спорски Клуб КОЖУФ Гевгелија секој Понеделник и Четврток во 20 часот.
Останатите планинари од другите градови кој ке доагаат задолжително да го најават своето учество на долу наведените лица за контакт.
- Исхрана од ранец. (за по патеката)
- Секој учесник е должен да си носи ПРИБОР ЗА ЈАДЕЊЕ.
- Вода за пиење има на стартот од акцијата и на уште две места по патеката.
Организаторот на оваа акција Здружение Планинарски Спортски Клуб КОЖУФ Гевгелија го задржува правото на измени на предвидената маршута во случај на лоши временски услови.
Последен рок за пријавување на учесниците на овој марш е на 15.11.2018 г.

Подетални информации за акцијата и пријавување на планинари од другите градови кај
Александра Караманова 
Секретарка на Клубот
тел.078-749-939 (информации после 16 часот)
Лазар Митров 
Член на Извршен на Клубот
тел. 070-347-698 (информации преку цел ден)
или на Facebook кај Претседателот на Клубот
Ристо Каркалашев (https://www.facebook.com/risto.karkalasev)

 

Преостанато време до настанот