Италија е трета земја во светот заразена со Корона вирусот (COVID-19), пријавени се повеќе од 200 случаи на заразени.

Од 23 февруари, единаесет градови, претежно во областа Ломабардија, се затворени во карантин. Додека италијанските власти трагаат по „нултиот пациент“, од вирусот животот го загубија седум лица во регионот. Како мерка на претпазливост, многу спортски и културни настани, кои би можеле да се случат во северна Италија, се откажани или веројатно ќе бидат откажани во наредните денови. Официјалните лица велат дека голем број на трки со велосипед исто така може да бидат изложени на ризик.

„Нема план Б“

Во разговор со новинарите на турнејата во Обединетите Арапски Емирати, спортскиот директор на RCS, Мауро Вегни, им рече на новинарите дека доколку промените продолжат, веројатно нема да се случат Милано - Сан Ремо. Милано е оддалечен само 60 км од областа Ломбардија, средиштето на појава на вирусот во Италија.

„Ако владата ја потврди блокадата на спортот во Милано и Ломбардија, ќе треба да го откажеме“, вели Вегни.

Giro d'Italia

Пролетната класика од 300 км е закажана за 21 март, трасата Милано - Сан Ремо минува низ некои области кои моментно се наоѓаат во „црвената зона“ на заразата, а Вегни вели дека нема планови за промена на трасата.

„Досега не постои план Б за Милано - Сан Ремо. Нема смисла да прекинеме три четвртини од трката. Можеме да ги следиме само упатствата на владата. Имаме уште три недели до одржувањето на Милано - Сан Ремо“- вели тој.

Страда Бјанче, која е предвидено да започне на 7 март, и Тирено-Адриатико, која трае од 11 до 17 март, во моментов не се во „црвената зона“ на зараза. Официјалните лица, сепак, се загрижени дека вирусот COVID-19 ќе продолжи да се шири и ќе достигне до тие области до моментот кога ќе се случат трките. Доколку се влоши ситуацијата во Италија, Giro d'Italia, што се одржува во мај, би можелa да биде откажанa.