Наочарите на планина генерално се користат поради заштита на нашите очи од влијанието на UV зраците и разни други околни влијанија.

Кога говориме за зимски престој на високите планини имаме потреба од наочари или т.н. глечерки. Ваквите наочари имаат многу модели и производители. Но сите имаат нешто заедничко, а тоа е категоризацијата на стаклата или т.н. затемнување на стаклата со ознаката Category 4. Покрај оваа заштита ги поседуваат и сите останати кои се однесуваат на заштита на окото од UV зраците.

Погрешно е мислењето дека треба да се носат било какви затемнети наочари без никаква заштита, бидејќи кога зеницата на окото се шири под влијание на затемнетите стакла, а така се пропушта штетното зрачење директно во окото. Подобро е да не се користат такви наочари и во тој случај треба да се оди без нив бидејќи тогаш ќе се трудиме автоматски да ги притвориме очите и да го намалиме влијанието на UV зрачењето.

Наочарите истотака ни го штитат очниот живец од студ, од удари од разни предмети и ни го подобруваат погледот на пределите кои ги посетуваме. Ваквите наочари се дизајнирани да ја стопираат светлината од сите страни и секој треба да си одбере модел за себе кои ќе му се прилагодат на лицето. Покрај глечерките се користат и ски наочарите или т.н. Brile. Тие се користат при лошо време и силен ветер.

Тие се одлични како топлотен изолатор и погледот низ нив е многу подобар и атрактивен во однос на гледање со голо око. Како додаток за наочарите може да користите и заштита за носот, која е многу ефикасна во спречувањето на изгореници на носот. Водете сметка за вашите наочари бидејќи од нив многу зависи и престојот на планина. Препорака е со вас да носите по два пара во случај на губење или нешто слично.

Чистете ги со ткаенина која е предвидена за нив. Многу планинари добиле снежно слепило бидејќи не сакале да носат наочари. Наш совет е секогаш да се грижите за здравјето и за познавањето и користењето на опремата која ни го чува животот.

На планина одиме за добар провод и дружба, спорт и што е најважно здрави и
живи да се вратиме дома, насмеани и полни со позитивна енергија за секојдневниот живот.