Нашите планински тркачи Александар Кирковски и Димитар Тодоровски од ПК Македон викендов имаа одлична забава на најубавиот планински гребен на Македонските Алпи, како што ја нарекуваат планината Кораб.

Со искачување на Рибничка Скала преку Кабаш стигнаа само до Гури Куј, поради лошите временски услови не успеаа да стигнат до Голем Кораб. Можеби во некоја следна прилика на поубаво време.

Сепак одличен тренинг во пресрет на следните посериозни предизвици.

Во прлиог видео од оваа трчанка.