Кратко видео од зимското брзинско искачување на Олимп, Митикас 2918 мнв од страна на Александар Кирковски реализирано на 23.12.2018 година. Логистичка поддршка за време на оваа акција беа Саша Грбиќ, Петар Ивановски и Дејан Тодевски.

Во 2017тата година на 25 декември тројца наши планински тркачи се упатија во обид за зимско брзинско искачување на трите највисоки балкански врва на три планински масиви.

Кратко видео од првото учество на македонски тим на трката “Ред Фокс Елбрус“ до највисокиот врв во Европа - Елбрус 5642 мнв. Целиот тим во состав Александар Кирковски, Кирил Филиповски, Дејан Тодевски и Марјан Бонев направи успешно аклиматизационо искачување на Елбрус 5642 мнв на 01.05.2017.

Овогодинешната трка Ultra-Trail du Mont-Blanc се одржа изминатиот викенд, каде се собраа едни од најдобрите тркачи во светот, кои тргнаа по тешкиот пат околу планината.

Skyrunning-от постои стотици илјади години. Но, не како спортска дисциплина и не во форма по која е препознатлив во светот. Луѓето во планините оделе воглавно од потреба: поради војна, верски прогон, лов, криумчарење... често и од чиста човечка радозналост за нешто што е: мистично, тешко достижно, непримечиво...

Последни вести

Facebook

Барај