Вчера, откако Алекс Тикон објави дека неможел да стигне до третиот камп на висина од 6800 метри, поради голема количина на свеж снег, тој преку радио врска контактираше со новинарите и објави дека експедицијата е завршена.

Причината е лошото време и недостатокот на време да се заврши искачувањето пред крајот на зимата, односно до 29 февруари.

Обидот да се стигне до врвот на Еверест за оваа сезона заврши.
Зимските искачувања на Хималаите завршуваат на 29 февруари и нема време за втор обид. Покрај тоа, има многу снег на западниот ѕид на Лотце.
Денес тимот ќе ја помине ноќта во Камп 2, а утре ќе ги собереме сите работи и ќе се симнеме во Базниот Камп.
Ќе се обидеме да го поминеме глечерот Кумбу многу внимателно, бидејќи не знаеме во каква состојба е сега
- пренесе Алекс.

Покрај тоа, Алекс рече дека дозволата за искачување завршува на 29 февруари, доколку алпинистите после тој датум се на патеката, ќе треба да платат дополнителни 11 000 евра.