И во 2019 година ќе бидеме сведоци на првото зимско качување на К2. Меѓународната експедиција која се состои од планинари од Русија, Казахстан и Киргистан, ќе се обиде да го искачи вториот највисок врв во светот.

Ова ќе биде петти обид за искачување на К2 во зима. Една година откако полската експедиција не успеа да се справи со тешките услови на оваа осумилјадарка. Други обиди да се достигне врвот од 8611 метри во зима беа забележани во текот на сезоните 2011-2012, 2002-2003 и 1987-1988.

Најголемите предизвици со кои ќе се соочи експедицијата во 2019, се временските услови - во зима во реонот на К2 ветровите можат да стигнат до 200 км/ч, а температурите до -40°C. Лавинската опасност, и опасноста од одрон на камења, како и разреден воздух, се исто така меѓу факторите кои не треба да се потценуваат.

Сите учесници во експедицијата имаат искуство во искачување на седумилјадарки, а лидерот - Васили Пивцов ја има во сопственост „Хималајската круна“, достигнувањето на сите 14 осумилјадарки без употреба на дополнителен кислород.