Суспензијата на визите ќе започне на 14 март и ќе трае до крајот на април, лишувајќи го Непал од милиони долари за искачување на Еверест.

Владата на Непал, вчера доцна вечерта, одлучи привремено да престане да издава туристички визи при пристигнување на туристите во земјата и да стави крај на сите пролетни планинарски експедиции, вклучувајќи ги и искачувањата на Еверест.

Одлуката доаѓа еден ден откако Светската здравствена организација прогласи пандемија на Корона вирусот и ги повика сите земји да преземат мерки на претпазливост.

Визната суспензија, со исклучок на дипломатските и официјалните визи, ќе стапи на сила на 14 март и ќе трае до 30 април, изјави владин претставник.

Everest

На состанокот, исто така, се одлучи да се ограничи патничкото движење кон и од Индија преку копнени правци и да се придржуваат до строги мерки за карантин на границата. Не е донесена одлука за затворање на училиштата и факултетите.

Во случај на вонредна состојба, сите странци кои сакаат да дојдат во Непал, ќе треба да достават медицински сертификат во кој ќе се изјаснат дека немаат коронавирус додека аплицираат во конзулатот на Непал во нивните земји. Владата, исто така, одлучи да не издава визи за туристите кои влегуваат во Непал преку копнен пат, рече официјалниот претставник.

Според официјалниот претставник, сите пролетни експедиции, вклучувајќи го и Еверест, се откажани.

Планинарите обично аплицираат за дозволи на Еверест од крајот на март. Пролетната сезона започнува на почетокот на април кога голем број алпинисти почнуваат да пристигнуваат во регионот на Еверест. Од хотели до ресторани, водичи, грнчари и авиокомпаниите, со нетрпение ја чекаат пролетната сезона за искачување, бидејќи генерира многу приходи и работни места во планинскиот регион.

Everest

Само Владата заработува околу 4 милиони долари со издавање на дозволи за искачување на Еверест секоја година.

Во пресрет на глобалното појавување на Корона вирусот, Кина веќе ги откажа сите експедиции на Еверест од тибетската страна.

Кинеската планинарска асоцијација Кибет, тело кое издава дозволи за искачување, во средата соопшти дека сите искачувања на Еверест од северната страна се откажани поради тековното избувнување на Корона вирусот.

Откажувањето на оваа пролетна сезона на Еверест ќе значи голем удар врз операторите на експедиции, рече Мингма Шерпа, управен директор на Seven Summit Treks.