Вчера, после невремето кое го зафати регионот на Броуд Пик, Денис Урубко планираше да се искачи до 7000 метри, но неговото понатамошно искачување беше прекинато од лавина.

Несреќата се случила стотина метри над третиот камп.

Во моментов нема многу детали, познато е дека лавината го влечела Денис околу 100 метри, и поради кинење на фиксното јаже тој го продолжил падот за уште 50 метри. Моментално се наоѓа во базниот камп, безбеден, без повреди.

„Лавината ме влечеше 100 метри. Се лизгав уште 50 метри поради скинатото јаже, за среќа не паднав во пукнатина. На врвот ветрот беше околу 70-80 км на час. Се борев и покрај сè!“ - гласеше СМС пораката од Денис