Германскиот алпинист и параглајдерист Фабијан Бул на 7 февруари направи параглајдерски лет од врвот на Церо Торе во Патагонија. Бул е првиот кој го стори тоа откако се искачи на врвот со свои средства.

После ужасниот старт на сезоната во Патагонија, сега започна подолг период на добро време, што резултираше со првите големи искачувања.

Cerro Torre

29-годишниот алпинист пристигна во Патагонија за Нова година и стрпливо чекаше временски прозорец за својот потфат. Тој се искачи по насоката West Face Ragni со уште тројца француски алпинисти, Рафаела Хауг и Лора Тифенталтер, носејќи ја сета опрема потребна за искачувањето, како и неговиот параглајдер Susi 3 16м2 од AirDesign.

Двата тима во основа беа први на планината и работеа напорно на отворање на скоро целата насока, наидувајќи на потешкотии на горниот ѕид, кој беше замрзнат со мраз од 25 см. Само финалните неколку метри беа отворени од друг тим.

Cerro Torre

Веднаш по искачувањето Бул полета од врвот на изгрејсонце и слета долу на глечерот.

„Беше толку надреално да се биде првиот тим во овој регион. И потоа полетувањето на изгрејсонце кон ветрот... Летот беше неопислив“.- изјави тој.

Ова е прв лет со параглајдер од Церо Торе без техничка поддршка - изминатите летови со параглајдер од врвот на Церо Торе беа откако параглајдеристите со хеликоптер беа транспортирани до врвот. Но во параалпинизмот, како што вели името, се подразбира искачување на врвот на една планина и лет со параглајдер назад кон долината.

Cerro Torre

Сонот за лет од познатата „печурка“ ги привлече многумина, меѓу кои и Дин Потер кој во 2005 година се одлучи да направи BASE jump во близина на Ел Мочо, и русинот Валери Розов кој во 2008 година, истотака, направи BASE jump од насоката на Компресорот, од точка која е на половина пат до врвот. Минатата сезона Арон Дурогати се искачи на некои од најубавите врвови на масивот Фиц Рој и Церо Торе, но сепак лошите услови го спречија да се искачи на Церо Торе.