Изминатиот викенд тимот на параглајдинг клубот Акро Македонија од Скопје имаа одлични услови за одличен тренинг на теренот кој тие го користат, Ајватовски рид, во близина на Скопје.

Зимските денови кои се полни со сончеви зраци и насмевки се нашите омилени денови. Ја користиме секоја можност да излеземе од градот и да го поминеме времето високо во планините.

Што е тоа акробатско летање?

Акробатското летање како што самиот збор кажува, е уметност на правење трикови во воздух и на земја (freestyle).

Ако имате 12 часа, што би правеле со нив? Во следново видео го проследуваме идеалното полуденоноќие на параглајдеристот Весо Овчаров. Како што веќе погодувате, тоа е исполнето со многу адреналин, брзина и многу летање.

Фактот што не можете да одите не значи дека не можете да летате. Мет Томас е доказ за тоа. Тој е совршен пример за тоа дека силната волја има способност да се спротистави, па дури и на најсилните противници како телото, а резултатот е поубавиот живот од птичја перспектива.

Параглајдингот е еден од најлесните начини да се оствари сонот на човекот да лета. Затоа без обѕир што е релативно нов, овој адреналински спорт многу брзо стана популарен. Интересот за параглајдинг интензивно се шири, особено во последните петнаесет години, денес го достигна врвот на спортското воздухопловство.

Жан Бапист-Чендлер е француски параглајдерист, а воедно и продуцент на бесни видеа од неговата област каде ги презентира своите вештини до максимум. Погледнете го неговото последно видео Weightless...

Последни вести

Facebook

logo-medium.png

Барај