За магијата на планината имам доста пишувано и сум ја осетила многу пати досега. Ако нешто знам со сигурност, тоа е дека никогаш нема да престанам да се изненадувам од нејзините убавини и да уживам во нејзините мириси и бои.

Викенд испланиран за Љуботен. Знам дека имам само еден ден и дека сакам да се качам таму, на мојот омилен врв и да ја поминам цела сабота горе, па да одам да го видам Васе во вила.

Не знам како се почнува, уште помалку како се завршува текст за еден ваков чудесен, чудесен викенд. Знам само дека ми е премногу драго што бев дел од оваа приказна и што мојот авантуристички дух досега не ме излажал кога треба да се одреди правецот на движење и изборот на следната дестинација.

Тајланд и Камбоџа се навистина убави земји на далечниот исток. Двајца нашинци во периодот декември 2016 и јануари 2017 ги посетија овие две земји, и ни споделија преубав видео запис од нивното патешествие.

Ден недела, ден за природа. Ако ме прашате мене, за мене секој ден е ден за природа, но модерното време не ни го дозволува тоа задоволство.

Уште сум хипнотизирана и под импресии од она што го видов и почувствував вчера. Не бев многу наспана, го замолив Диме да ми го отстапи местото до прозорот за да поспијам бар некој саат, ама ништо.

Сингл девојки, момци, сметате ли дека секогаш ви е потребен некој за да си го направите викендот прекрасен? Можам да кажам дека ако одговорите на ова прашање со Да, ќе го дадете најпогрешниот одговор некогаш во животот.

Насловот е во координација со претседателството на ПЕГ „Турни ме да кинисам”, иако мојот текст и оној на прецедникот имаат многу малку заедничко. После сите оние неубави настани изминатата недела, дојде време за заслужен одмор и опуштање. А скопјанец кај ќе оди за први мај, се знае. В’ Охрид.

Ако Италијанците ја имаат “Giro d’Italia”, a Французите ја тераат “Tour de France”, ние, Македонците треба да ја имаме “Tour-ни ја Македонија”. И тоа да се изведе низ целава држава. Од Исток до Запад, од Север до Југ.

„Мијаците се дел од македонскиот народ кој живее во Мијачијата или долнореканскиот крај покрај реката Радика. Тие се познати по нивната култура, архитектура, обичаи и културно и национално наследство.

„Еј, абе сега гледам дека Трансверзалец уствари излегува на Партизанска!” – Беа меѓу првите зборови што ги кажав кога започнавме со обуките за планинарска ориентација во просториите на друштвото. Сите прво малку чудно ме погледнаа, па прснаа да се смеат. „Ќе те биде Калина, ептен имаш ориентација”, викна некој со громогласно смеење. Денес знам дека не излегуваме на „Партизанска”, ама оваа случка уште долго ќе служи за тежок ремет на моја сметка.

Последни вести

Facebook

logo-medium.png

Барај