Стоилко Стоицев од ПК „Македон“ од Скопје, Маријана Ѓорѓиевска и Владимир Јованоски од ПК „Мамути“ од Прилеп се тројцата Македонци кои денес успеаа да се искачат на највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва (6962 мнв) на Андите.

Нашиот планински тркач Александар Кирковски денес успеа да ја оствари својата цел, искачување и спуштање на највисокиот врв на јужната и западната хемисфера, Аконкагва (6962 мнв.) за помалку од 10 часа односно за 09:52 часа од базниот камп Плаза де Мулас (4300 мнв) до врв.

На 25 октомври, светот беше сведок на долгоочекуваното достигнување - прво искачување на хималајскиот шестилјадик Лунаг Ри. Главниот лик во него е неприкосновениот Давид Лама кој само месец и нешто после соло искачувањето на врвот даде интервју за planetmountain.com за неговата експедиција.

Во последниве неколку години планинското трчање во Македонија зазема поголем замав. Оваа дисциплина побарува солидна физичка, но и психичка спремност, но сето ова да го правите на висини над 4000 метри се мери во надчовечки размери.

Највисоката точка на планетата е природно поврзана и со многу врвни постигнувања. Сите знаеме дека првите кои се искачиле на Еверест се новозеланѓанецот Едмунд Хилари и непалскиот Шерпа Тензинг Норгај на 29 мај 1953 година.

Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје оваа година одбележува 10 години од своето постоење и активно организирање на планинарски акции.

Освојувачот на златниот медал, олимпиецот Кјелд Нуис отпатува во Лулео, Шведска да се увери колку може да биде брз на мраз. Ова за него претставува посебен предизвик.

На 26 март, ултра-тркачите Рајан Сендс и Рино Гризел поставија нов рекорд за најбрзо поминување на Great Himalayan Trail. Трасата е долга 1400 километри, а двајцата атлети успеаа да ја поминат за 25 дена, 3 часа и 24 минути.

Последни вести

Најпопуларни вести

Facebook

Барај