Врело

Пештерата која се наоѓа во срцето на кањонот Матка своето име го добила по “врелото“ што се наоѓа под неа во водите на езерото. Врело, за разлика од останатите пештери во Македонија е туристички уредена со соодветни патеки и осветлување, отворена за очите на јавноста. Пештерата Врело важи за една од најколоритните и најубавите пештери во Македонија со исклучително богати украси и најразновидни форми.

Уште со првиот чекор во пештерата, кога ќе се вклучи генераторот и ќе светнат сите рефлектори, пештерата заблескува и се покажува во една посебна убавина и сјај. Во неа се забележуваат специфични украси, правилно заоблени, прецизно извајани во калцитот кои наликуваат на женски гради, па многу пати на посетителите им доаѓа да подадат рака и да ги допрат.

На самиот влез на пештерата се наоѓа „салата“ во која понекогаш се одржуваат концерти. Токму во таа сала, музиката добива еден сосема поинаков звук, а оние кои барем еднаш присуствувале на концерт на ова место чувството им добро познато. Точно над салата се наоѓа украсот кој наликува на шишарка и води до највисоката точка од каде што можете да го видите езерото кое е скриено зад карпата. Тешко се забележува, па ако водичот не ви го посочи нема ни да знаете дека е таму. Второто езеро пак, е поголемо и го опфаќа целиот видеокруг. Долго е околу триесетина метри, а широко околу десет. Водата е многу студена со постојана температура во текот на целата година. Длабочината на езерото честопати варира поради поврзаноста со езерото Матка, а отприлика изнесува околу петнаесет метри.

До пештерата Врело се стигнува и по друг пат, а тоа е низ врелото што се наоѓа надвор од пештерата, долу во самото езеро. Тој пат во последните неколку години им го привлече вниманието на спелеонуркачите од неколку земји во светот. Секое лето откриваат се повеќе тајни кои се кријат длабоко во нејзиното срце. Во последните истражувања, нуркачите стигнаа на длабочина од 230 метри и 665 метри должина. Поради овие факти, пештерата Врело се вбројува во списокот на петте најдлабоки подводни пештери во светот. Нуркачите продолжуваат со своите опасни подвизи и понатаму со цел да ги откријат мистериите на ова магично и необично место и заслужуваат огромна почит и внимание. Сепак, за повеќето од нас, дел од тајните кои се скриени во длабочините на пештерата ќе останат засекогаш неоткриени.

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре