Пешна

Познатата легенда вели дека двете од четирите сестри на Крали Марко Дева и Пеша откако се омажиле живееле во регионот на денешен Македонски Брод. Бидејќи во тоа време на жените не им било дозволено да се шетаат и да патуваат без придружба, се со цел да можат да комуницираат меѓусебе, Крали Марко изградил царски кули за Дева кои гледале веднаш во тврдината на другата сестра Пеша. Така тие можеле да комуницираат преку ехото кое се создавало од внатрешноста на пештерата. Пештерата на чи влез се наоѓала тврдината на Пеша е наречена Пешна.Покрај оваа легенда која вели дека Дева и Пеша се сестри на Крали Марко потои уште една легенда која вели дека тие всушност биле двете од петте негови ќерки.

На само неколку километри од Македонски Брод, движејќи се со автомобилот ќе ја забележите Пешна. До неа може да се пристигне по една живописна патека опколена со многу дрвја и грмушки, водејќи до неверајатно големиот пештерски влез. На Балканот важи за пештера со најголем влезен отвор, доволно широка за во неа да се изградат и други објекти.

Во подземните води на Пешна се пронајдени неверојатни водни животни- слепите риби какви што нашите спелеолози не ги виделе на ниедно друго место.Се претпоставува дека со текот на времето откако престанале да имаат контакт со надворешниот свет го загубиле сетилото за вид.

Пештерата Пешна е уште едно од многуте прекрасни места во нашата чудесна Македонија. Иако е прогласена за споменик на природата малку е позната како странските така и за домашните посетители. Вљубените во книжевната и фимска фантастика и триологија „Господин на прстените“ од Џ.Ј.Ј Толкин сигурно ја забележале неверојатната сличност на измислените пештери со нашата Пешна. Уште еден доказ кога уметноста и човековата имагинација се отелотворува во реалност.

Ако за миг, застанете покрај остатоците од тврдината и низ пространиот пештерски простор го вперите вашиот поглед кон спротивната страна, ќе останете без здив од прекрасниот исечок на небото во кој се пресликуваат сите убавини од околниот крај. Вашето око едноставно не ќе може да се насити од раскошот што се протега пред него. Затоа само спокојно и длабоко вдишете и слушајте ги пештерските понори, секоја вода ги пренесува гласовите што минувале низ неа со столетија.

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре