Ѓоновица

Ако за некое место со сигурност можеме да кажеме дека е прекрасно тоа дефинитивно би била пештерата Ѓоновица. Иако мислењата околу овој епитет навистина се индивидуални и релативни, сепак според многумина оваа пештера го заслужува токму тој атрибут - најубава. Во нашата земја има уште многу неоткриени предели, пештери и којзнае какви се не убавини ќе никнат, но додека не се случи тоа, Ѓоновица ќе биде најубавата пештера - барем така велат спелеолозите.

Чудесната убавица срамежливо се сокрива во варовничката планина Буковик, во близина на гостиварското село Горна Ѓоновица. За да пристигнете до ова неверојатно место, треба да поминете околу петнаесетина километри по стариот пат Гостивар-Кичево, а потоа педесетина метри над самиот пат е влезот на овој бисер на подземните убавини. Големиот влез може многу лесно да ве залаже, бидејќи по стотина метри се слуша силен татнеж кој звучи доста застрашувачки. Но, не плашете се тоа е само подземна река.

Откако ќе поминете низ малку тешкотии, онаа награда што ве очекува е бесценета. Здивот ќе ви застане од водопадот висок точно седум метри. Иако патот кој сте го поминале за да пристигнете до тука ве направил целосно водени, сепак тоа ќе биде последното нешто на кое ќе помислите во тој момент. Со последните истражувања, Ѓоновица се вбројува во една од најдолгите пештери во Македонија.

Едно нешто е сигурно, оваа убавина ќе ви ги наполни и очите и срцата со сета своја раскош и грациозност и токму поради тоа треба што побрзо да се создадат услови за нејзина лесна достапност бидејќи грев е да не се засладите од чудата кои ги создала нашата мајка природа.

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре