ИстражиЗнаменитостиЦркви и манастириСвето Преображение - Зрзе

Свето Преображение - Зрзе

На 26 километри северо-западно од Прилеп, по патот кон Македонски брод, се наоѓа се наоѓа манастирот во Зрзе Св. Преображение кој датира од 14ти век.

Позициониран на падините на планината Даутица над селото Зрзе, со поглед кон широката Пелагониската рамница. Во раните утрински часови, ниската магла понекогаш ја прекрива рамнината која личи како мермерно море.

Во турско време, манастирот беше подложен на периоди на напуштеност, обнова и грабежи, но сепак остана важен духовен центар. Црквата Свети Петар и Павле од 17ти век содржи важни фрески и икони.

Посетителите можат да уживаат на кафе муабет со монасите и турнеи низ црквата која содржи бесценети фрески и икони. Додека денес во музејот во Скопје е сместена најпознатата икона од Зрзе, на Пресвета Богородица од Пелагонија (1422 г.), голем примерок се чува и во црквата. На соседниот рид се вршат ископувања на базилика од 5ти век.

За да пристигнете до манастирот во Зрзе ви се потребни околу три часа од Скопје со автомобил, упатувајќи се од Прилеп по патот кон Македонски Брод, од каде кај селото Ропотово патоказ ви укажува каде да свртите за Зрзе. Истотака за љубителите на пешачењето, добра можност е пристигнување со воз од Скопје или Битола до село Слепче и оттаму по асфалтен пат кој води преку село Костинци до манастирот ќе ви бидат потребни околу 2 и пол часа пешачење по тутунските полиња. По пристигнувањето во напуштеното село Зрзе, манастирот се издигнува пред вас, и оттука ве очекуваат околу 2 километри пешачење.

Погледнете ја поставената галерија онлајн на:
http://www.tourguide.mk/istrazi/znamenitosti/crkvi-i-manastiri/sveto-preobrazenie-zrze#sigProGalleria974ba301c7

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре