Свети Пантелејмон

Без оглед на тоа дали сте тргнале на кратка прошетка или пак на еднодневен излет, со автомобил, велосипед или пеш, во зима или налето, на средината на патот до врвот на Водно се отвара најубавата глетка на црквата Пантелејмон. Денес во црквата која е изградена речиси пред илјада години, се наоѓа ресторан и многумина се решаваат токму тука да ја крунисаат својата љубов бидејќи е едно од најромантичните места во Скопје.

Хармоничната надворешност на црквата, изградена во форма на впишан крст со пет куполи и нартекс не се доживува како некој вид на империјална моќ, туку како еден вид на семеен, интимен завет на побожност. Во внатрешноста на црквата се зачувани фрески кои се вбројуваат во врните дострели на византиското сликарство. Со земјотресот во 1555 година биле срушени горните делови на црквата и главната купола. Со обновата се повторно живописани.

Посебната специфика – „Оплакувањето на Христа“ – икона која влегува меѓу светската историја на сликарството ја прави оваа црква уште попривлечна и предизивикувачка за посетителите. Ангелите плачат, Богородица обземена од очајот, раскината од болка го опчекорува мртвото тело на Христос. Сцената го овековечува лелекот, солзите и очајот.

Постојат уште многу податоци кои се сведоштва за богатото културно наследство. Дури и малку да знаете за сите тајни кои се скриени во ова магично место, не ви треба повод за одвреме-навреме да појдете и да го почувствувате духот на времето.

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре