Свети Наум

Во близина на селото Љубаништа, во јужниот крај од Охрдиското езеро се наоѓа манастирот Свети Наум Охридски. Основачот, самиот тој Свети Наум бил еден од соработниците на Свети Кирил и Методиј во познатата Моравска мисија, како и еден од учителите во административната црковна област на епископот Свети Климент Охридски.

Во 900-905 година Свети Наум подгинал црква - Светите Архангели во која што како старешина подоцна бил и погребан. Горе на ридестиот предел во Охрид, Климентовата црква Свети Пантелејмон послужила како модел за градење и други познати цркви низ Македонија, а интересно е тоа што сите тие имаат облик на детелина.

Вистина било дека и припадници на други вери го почитувале овој голем спасител и тоа јасно стои во Летописот на манастирот каде е напишано: „Ова свето место стекна голем углед и кај припадниците на другите вери, а особено кај Отоманските Бекташи, кои не се се знае од кои причини ова место го нарекуваат „Сари Салтик Баба“ - во превод на турски значи жолтобрадест татко.

Во далечната 1662 година, Угуманот Гаврило, во манастрискиот комплекс Свети Наум, изградил болница за лекување на душевно заболените лица која се наоѓала веднаш до гробната капела на Свети Наум. Се верува дека лековита моќ имал не само тој, туку и по неговата смрт и неговиот гроб во манастирската црква. Денес во гробницата каде што се послани посмтртните останки на Свети Наум, ако ја приближите главата поблиску до гробот можете да го слушнете чукањето на неговото срце.

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре