Св. Јован Бигорски

Во прегратките на бујните шуми на северозападните падини на планината Бистра, во карпите на кањонската долина на реката Радика, цврсто се надѕира манастирот Свети Јован Бигорски.

Повеќе пати низ историјата овој манастир бил напаѓан, опустошуван, рушен. Освен чудотворната икона на свети Јован Крстител во денешната форма, од останатите манастирски градби не е останато ништо. Денешниот манастриски храм датира од крајот на 18 и почетокот на 19 век.

Централното место во манастирскиот комлекс го зазема соборната црква која е посветена на свети Јован Крстител. Изградена по угледот на светогорските манастири, претставува една од првите цркви со големи димензии во периодот после освојувањето на Турците.

Јужно од црквата е сместена манастриската костурица каде се наоѓале черепените на покојните монаси кои биле таму скриени во времето на комунизмот. Врз некои од черепите стои и името и местото од каде потекнувал монахот.

Една од најзначајните траги од пустиножителскиот живот во околината на Бигорскиот манастир е испосницата, сместена во шумскиот појас под манастирот.

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре