Св. Јоаким Осоговски

На само неколку километри од Крива Паланка, во месноста Сарандопор се наоѓа манастирот посветен на св. Јоаким Осоговски. Се верува дека овој подвижник поседувал чудотворна моќ на лекување и поради тоа во неговиот манастир доаѓале болни од најразлични краишта да ги почувствуваат неговите исцелителни моќи. Долго време Светецот и манастирот биле нарекувани Сарандопорски, но подоцна поради живописниот предел на Осоговските планини каде и всушност е изграден манастирот го добиваат атрибутот Осогово.

Специфичноста на овој манастир се должи на тоа што за неговата изградба е заслужен народот, а не ктитор и поради тоа кривопаланчани се особено горди.

Големата манастирска црква посветена на св. Јоаким Осоговски е најмонументалниот објект во манастрискиот комплекс, за која најзаслужен е иницијаторот Хаџи Стефан Бегликчијата. Градителот одбира една доста стрмна локација за нејзина изградба.  Поставена делумно на карпа, делумно на насип, големата манастриска црква потсетува на минијатура на вселената. Една од најкарактеристичните фрески е композицијата „Евагенлиската проповед на апостол Павле“.

Иведена во византиски стил, свероисточно од манастриската црква се наоѓа најстариот објект, помалата црква посветена на Раѓањето на Пресвета Богородица. Црквата е изградена во 14 и 15 век, градена од делкан камен и тули. Во самата црква има чешма со света вода од која можете да си наполните за вашите најблиски.

За сите оние кои бараат лек за телото и душата, за сите верници, посетители и случајни поминувачи, манастирот св. Јоаким Осоговски е отворен во секое време. Поради чистиот планински и недопрен воздух, од шумата што го закрилува манастирот, отседнувањето во гостинските конаци ќе им помогне на сите оние кои имаат проблеми со дишните патишта. На семо еден чекор од вас се наоѓаат и крстилницата, малата маѓерница со трем, плевната со штала, казарница, лебарница, амбарот за жито и за ориз и писарницата. И секако за сите зависници и љубители на магичната напивка наречена кафе, токму во еден од чардаците можете да го испиете најубавото кафе.

Погледнете ја поставената галерија онлајн на:
http://www.tourguide.mk/istrazi/znamenitosti/crkvi-i-manastiri/sveti-joakim-osogovski#sigProGalleria062416b521

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре