Марков манастир

Свежината која доаѓа од близина на водата, покрај плодното земјиште, на точно 20 км од Скопје, во долината на Маркова река е од Марковиот манастир кој дава една посебна енергија на целото опкружување.

Уште со првиот обид да пристапите до овој храм, ве очекува величествено влегување низ впечатлива порта. Ѕвоната кои веднаш ќе заѕујат веднаш ве потсетуваат дека се наоѓате на едно поинкаво енергетско место. Од десната страна започнуваат манастирските конаци и останатите помошни простории, кои како еден венец се наредени околу црквата. Покрај нив, се наоѓаат казани за печење ракија и бунари со свежа студена вода да ве разлади во жешките летни денови. Како еден необичен сегмент од музејски експонати се издвојуваат фурната за леб и прилично старата воденица, кои сведочат за постојаниот живот во манастирот низ вековите.

Марковиот манастир е еден од најзначајните културно-просветни и книжевни центри во минатото. Неговите ракописи се среќаат во многу познати светски музеи и библиотеки и тоа во: Државниот историски музеј во Москва (Хлудовата збирка), Виенската национална библиотека, Хрватската академија на науките и уметностите, Белградска библиотека (Стара збирка) и Државна библиотека во Софија. Истата судбина ги пратела и големиот број на уметнички предмети, чувани во манастирската црква.

Погледнете ја поставената галерија онлајн на:
http://www.tourguide.mk/istrazi/znamenitosti/crkvi-i-manastiri/markov-manastir#sigProGalleria6c14b646b9

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре