Манастир Трескавец

На 6 км од центарот на градот Прилеп, издигнат високо од карпите во планината се иправа манастирот Трескавец пркосејќи им на природните и овоземните искушенија. Името го добива поради грмотевиците кои често удираат тука.

За да го посетите ова прекрасно место не ви треба специјална покана, освен силна желба и по малку авантуристички и спортски дух. До манастирот се стигнува само преку планинарска патека која води низ карпи и ниски треви од Прилеп до манастирот. Кога ќе застанете на врвот пред вас ќе се распостели една незаменлива глетка на околните планини Баба, Бабуна, Кајмакчалан како и цела Пелагонија и верувајте ќе се чувствувате како да сте во подножјето на небесата, оставајќи ве без здив.

Врвот на Трескавец отсекогаш бил препознатлив како место најподогно за свети дејанија. Многубројните гробови, раскопани на седлото јужно од врвот, кои датираат од хеленистичко и римско време, во суштина им припаѓаат на посветени луѓе и оние кои го опслужувале светилиштето.

Во доцната антика, на местото на античкиот храм била подигната христијанската црква. Од неа се пронајдени парчиња мермерни столбови и други украси кои се расфрлани наоколу. Црквата претставува еднокорабна градба, расчленета на неколку травеи со петострана олтарна апсида од надворешната страна.

Меѓу зачуваните вредни предмети со ненадминилива уметничка вредност се издвојуваат двокрилната врата изработена од плитка резба, царските двери на иконостасот и големиот крст на космитисот, кој потекнува од 17 век.

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре