Лесновски манастир

Додека се искачувате со возилото по стрминиот пат кој ни одблизу не е лесен, на надморска височина од 870 м, на југозападните падини на планината Осогово, не можете ни да замислите што ве чека горе. На 15 км од Пробиштип, помеѓу Кратово и Злетово се наоѓа селото Лесново, уште попознат меѓу народот како Лесновски Манастир.

Според едно од житијата за преподобниот Гаврил Лесновски, во селото Лесново, живееле четворицата испосници Јован Рилски, Прохор Пчински, Јоаким Осоговски и Гаврил Лесновски. Откако 30 години живееле во строг пост и молитви одлучиле секој да тргне по својот пат продолжувајќи ја мисијата. Договорот бил кој прв ќе се разбуди да отиде на која сака страна. Бидејќи прв се разбудил Гаврил решил да остане во близина, односно во селото Лесново каде успешно ја вршел својата мисија и денес го носи неговото име - Лесновски Манастир.

Денес во манастирскиот комлекс влегуваат манастирската црква, камбанарија, магацинска зграда со неколку помошни простории и обновени конаци од 19 век. Цркавата се вбројува во редот на крстообразни цркви и кога ќе влезете во нејзината внатрешност ќе ве пречекаат високиот и раскошен иконостас и богат фрескоживопис кој е добро зачуван.

Во манастирскиот двор се протега дудинка-црница која е стара околу 600 години и за која што монасите ќе ви речат дека дамката од нејзиниот плод нема никогаш да ја избелите. Токму така, дрвото со крстообразен облик сеуште дава плод. Плодот созврева од Петровден и постојано има род до Мала Богородица.

По смртта на Свети Гаврил, манастирот продолжил да живее негувајќи ја монашката традиција. Манастирот придонел да се подигнат свети места-помали манастири, скитови, мали молитвеници во карпи, пештери кои се видливи и денес.

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре