Лешочки манастир

Најголемиот духовен центар во Тетовско или уште попознат како Лешочки манастир е сместен во природен амбиент придружен од чист планиски воздух во т.н. Горно Лешочко маало во село Лешок на висина од 610 м.

За прв пат е основан во 1321 година, а во дворот под закрилата на манастиркиот комплекс почиваат две цркви “Света Богородица” и “Свети Атансиј” како и параклис посветен на светите Кирил и Методиј.

Манастирската црква на Пресвета Богородица се наоѓа во северо-источниот дел на дворот од денешниот Лешочки манастир и претставува една од најстарите сочувани цркви во Полог. 

Особено од големо значење имаат културните и духовните вредности на на црквата Св. Атанасиј од XIV век, која била седиште на првиот полошки епископ Јоаникије и денес истата е прогласена за споменик на културата.

Најинтересен е фактот што црквата е сместена 80 сантиметри во земја, истовремено важи за една мала богата галерија, единствена во Полог.

Во реновираните манастирски конаци можете да престојувате доколку сте љубител на манастрискиот туризам, полнејќи ги батериите со сета чистина и свежина која извира од прекрасните Полошки предели. На ова место можете слободно да се опуштите и оладите во летните и жешки денови.

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре