Калишки манастир

Во Струшкиот регион, особено околу Охридското езеро се наоѓаат многубројни пештери-црквички кои биле вистински прибежишта за монасите кои живееле таму пред многу години. На самиот западен брег на Охридското езеро, веднаш откако ќе го заминете струшкото село Калишта почива манастрискиот комплекс Рождество на Пресвета Богородица или уште попознат меѓу народот како Калишки манастир.

Високо горе во карпите на покрај езерскиот брег во една пештера се наоѓа црквичка посветена на раѓањето на Пресвета Богородица, која зазема централно место во Калишкиот манастирски комплекс. Во склоп на манастирот се наоѓа и црквата Свети Апостол Петар, изградена во 1990 година, сместена токму покрај езерото од каде што излегува најубавата лековита вода.

Во пештерната црква посветена на Богородителката пронајдена е необична икона од Богородица како го држи Исус во своите прегратки целата облечена во црна облека. Според ледендата на авторот на оваа икона на сон му се појавила Богородица со темно лица, целата во црно со Исус во рацете и токму така и ќе ги наслика. Имено, со оваа икона се поврзани многу чуда на кои подоцна се надоврзуваат многубројните иселителни моќи. Меѓу народот се зборува и дека по молитвите на свештеникот и сите верници, пред неа се случувале сите исцелителни чуда. Најкарактеристична е нејзината моќ за лекување на жени неротки кои доаѓаат пред неа да се помолат за рожба. Овој ден посебно се прославува на 21 септември, кога се празнува раѓањето на Божјата мајка, меѓу народот познат како Мала Богородица.

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре