Стоби

На крстопатот меѓу егејскиот свет и Балканскиот полуостров, сместен точно во срцето на Македонија се наоѓа еден од најатрактивните и најпознати антички градови кај нас - Стоби. За само неполни два часа патување со воз ќе пристигнете до овој надалеку познат арехеолошки локалитет. Препознатлив по банкнотата од десет денари на која е преставен мотивот со паунот кој веднаш може да ве одведе во неочекуваната авантура ако тоа си го дозволите. Ние ќе ви дадеме најмалку две причини зошто вреди да се посети овој локалитет, а останатите ќе ги откриете сами.

Ако сте повеќе љубопитен истржувач ќе доживеете редок час по археологија во реално време, а ако сте пак од оние го го градат својот впечаток врз визуелното искуство, тогаш од Стоби ќе можете да прекрасен поглед од централното македонско подрачје. Градот Стоби прв пат се споменува во документите од II век п.н.е. меѓутоа археолозите веруваат дека градот бил населен најмалку 400 години порано.

Стариот град Стоби, подигнат на сливот на Црна Река во Вардар, бил најголемиот град во северниот дел на римската провинција Македонија, подоцна главен град на провинцијата Macedonian Secunda и значаен урбан, воен, административен трговки и религиозен центар на две големи римски империи римската и рановизантиската империја.

Амфитеатарот кој се вбројува како еден од најистакнатите споменици во римскиот период, во тоа време преполн и моќен собирал дури 7.600 посетители, денес е останата само половина. Меѓу осветлените ѕидини на амфитеатарот во градот Стоби, грмнува гласот на актерите кои ги оживуваат на сцена дилемите, стравовите и внатрешните борби на античките драмски јунаци во зората на 21 век. Интересно е тоа што на седиштата има врежани фамилијарни и индивидуални имиња што значи дека реномираните граѓани на Стоби секогаш имале резервирани места. Гледачите кои седеле во најблиските редови до оркестрата секогаш биле заштитени со мрежа, така што денес се забележуваат дупките во седиштата за носачите на мрежата.

Во третиот век од новата ера, театарот прераснал во арена за борба со гладијатори, но со указот за забрана од царот Константин Велики, им се става крај на ваквите сурови претстави.

Општи информации

  • Положба: во близина на Неготино
  • Период: античко време

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре