Стибера

Во непосредна близина на прилепското село Чепигово, по течението на Црна река (Еригон) се наоѓа античкиот град Стибера. Не постојат конректни податоци за кога точно е изградена Стибера, но се претпоставува дека тоа било во времето на Филип Втори. Стибера е град во кој со археолошките ископувања се откриени најмногу антички скулптури зачувани во целост. Стибера e еден од најголемите антички градови во Македонија, а истовремено и еден од најатрактивните антички градски населби.

Со археолошките истражувања на овој локалитет е пронајдена цела една ризница од подвижен археолошки материјал, керамички садови, монети, мермерни споменици, повеќе од триесет статуи и бисти на угледни граѓани од тоа време. Тоа зборува дека со овие ископувања е откриен дел од градскиот бедем. Во внатрешноста на градот се откриени темелите од некогашниот храм посветен на божицата на судбината – Тихе.

Од пронајдените архитектонски градби, најмногу се издвојува античкиот гимназион кој се состои од две одделни градби: Хероон со светилиште и Перистил со предворје и екседра. Комуникацијата помеѓу нив и плоштадот се одвивала во еден долг и тесен простор, користен и како атлетска патека - најстариот и наједноставниот градежен елемент во гимназионите.

Стибера сеуште не ги открива царските палати и театарот кои се типични за еден ваков македонски царски град. Сите ископини во подножјето на Стибера се повредни од Стоби, Скупи, Хераклеја и Лихнида заедно.

Општи информации

  • Положба: во близина на Прилеп
  • Период: III век п.н.е - III век н.е.

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре