Куклици

Куклица е село во источна Македонија, кое се наоѓа на само 85 километри од Скопје, а само 12 километри од Кратово. За туристите ова место е познато под името Камените кукли - 120 земни пирамиди во човечка форма. Оттаму доаѓа и името на селото кое е во близина на овој локалитет. Начинот на кој се наоѓаат во просторот е познат како Веселата свадба. Зошто токму весела, штом се скаменети - раскажува една интересна легенда која се шири и до денес.

Легендата вели дека некогаш во селото живеел некој ѕидар. Него му се допадѓале две девојки, кои носеле исто име - Стојанка. Разликата меѓу нив била, едната од нив имала импресивна убавина, но била сиромашна, додека другата била доста богата, но не и толку убава.

Ѕидарот постојано се мислел која од двете да ја земе за жена. По некое време тој конечно решил да ја земе богатата девојка. На денот на свадбата убавата Стојанка слушнала музика од другиот крај и одлучила да оди да види што се случува таму. Кога пристигнала, свадбата помеѓу нејзината соперничка и ѕидарот веќе била започната. Огорчена од случувањата, таа се доближила до младоженецот и го замолила да ја бакне за последен пат. После тоа сите се скамениле, вклучувајќи ја и таа самата. По свадбениот бакнеж помеѓу невестата и младоженецот, клетвата се претвори во реалност и сите луѓе наоколу станаа камени кукли. Младенците ги задржале насмевките и тоа е причината поради која луѓето ги нарекуваат субјектите Веселата свадба.

Додека од научен аспект камените формации се резултат на вулканска маса и се стари повеќе од 100 илјади години. Местото зазема површина од 0,4 квадратни километри и се наоѓа на 420 метри надморска висина.

Погледнете ја поставената галерија онлајн на:
http://www.tourguide.mk/istrazi/znamenitosti/arheoloski-naogjalista/kuklici#sigProGalleria56b6247564

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре