Кокино

Необичниот облик на Татиќев камен, кој доминира на источниот хоризонт лево од реката Пчиња на надморска висина од 1.013 метри ќе ве остави без здив уште првиот миг кога ќе се најдете во кумановскиот регион. Токму тука, на Светата Планина се одвивале многу древни ритуали меѓу кои и движењето на Сонцето и Месечината. За вистински и поавтентично да го доживеете моментот ви препорачуваме да го посетите местото на денот на пролетната рамноденица, дочекувајќи го првиот сончев зрак седнати на еден од троновите.

Уште во минатото во близина на селото Кокино кое се наоѓа во денешната општина Старо Нагоричани, жителите ги следеле циклусите на Сонцето и Месечината, свесни за поврзаноста на човекот и вселената. Таму е сместена мегалитска опсерваторија која е случајно откриена во почетокот на 21 век како редок и богат археолошки локалитет. Токму поради тоа американската вселенска агенција НАСА на листата на 15 најстари опсерватории во светот го рангираше Кокино на четвртото место. Сместена на неовулкански рид, состваен од карпи кои се создале со стврднување на лавата која истекла од вулкански кратер. Времето и ерозијата направиле процепи и дел од нив биле главните маркери од каде се следеле циклусите на Сонцето и Месечината. Одредени членови на племенската зедница биле задолежени секојдневно да ги следат движењата на небесните тела и да составуваат календари за одредување на деновите за ритуални обреди поврзани со работи во земјоделството и сточарството. Тие увиделе дека токму на рамнодениците односно на 21 март и 21 септември Сонцето изгрева точно на исток и заоѓа на Запад. На тој начин настанал и лунарниот календар со циклус од 19 години со одреден број на месеци во должина од 29 дена и лунарни месеци со должина од 30 дена.

Светата планина во минатото била доживувана како место каде се среќавале земјата и небото. Како што претходно споменавме таму се извршувале многу древни обреди, а кога ќе ја гледате од подножјето има симбол на оска околу која се врти цела вселена и затоа честопати се изедначува со папокот на светот. Еден од обредите за кој се утврдени археолошки траги на источната страна на највисокиот дел од локалитетот бил поврзан со култот на плодноста. Пронајдени се делови од садови во неколку природни засеци во карпите. Оформените мали јами биле затрупувани со земја и поситен камен, откако во нив ќе се депонирале садови полни со дарови. Суштината на култот е восприемање на планинскиот врв како тело на Големата Божица Мајка, а засеците во карпите како отвори во нејзината утроба.

Вториот обред кој сигурно се случувал на планината е од соларен карактер и е поврзан со посебно изградените седишта познати како тронови од каде се набљудувале сите настани што се случувале.

Погледнете ја поставената галерија онлајн на:
http://www.tourguide.mk/istrazi/znamenitosti/arheoloski-naogjalista/kokino#sigProGalleria2e8a3f426c

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре