Хераклеја Линкестис

Во близина на градот Битола, сред плодна рамнина се наоѓаат остатоци на еден од најстарите и најубавите градови во земјата. Од северната страна заштитена од планината Баба, а додека пак од јужната од реката Сива Вода, независно дали сте тргнале со намера да ја посетите Хераклеја или пак скршнувате по патот кој ве води кон некоја конкретна дестинација, прошетката по остататоците на овој град ќе ве врати назад во времето и ќе го почувствувате духот на многувековните приказни. Хераклеја е место кое крие многу траги од еден богат живот на далечното минато.

Ако решите да го истражувате ова место, за миг да си го замислите животот на градот со трагите што ги гледате пред вас, прво нешто што ќе забележите е Портикот на судницата. Тоа е првата градба која ќе ве пречека при самото пристигнување во Хераклеја.

Некаде во централното јадро пак, се наоѓа генијалноста на римската култура- театарот каде до совршенство се вклопени строгите градежни канони на Витрувиј. Изграден според пропорциите на римските театри, можел да собере дури 2.400 гледачи. Следејќи ја конфигурацијата на теренот, може да се забележи дека архитектот создал мало ремек дело- дванаесет реда седишта, почесна ложа и сцена. Денес во овој театар се одржуваат многубројни современи концерти и претстави бидејќи е идеален простор за одржување на културни манифестации.

Градбите во Хераклеја биле украсени со богата архитектонска пластика и со полихромни мозаични подови со геометриски, растителни и животински претстави и илустрирани пораки од Библијата. Вистинско ремек дело преставува мозаикот на подот во нортексот на Големата базилика. Со помош на јазикот на симболите се препознава древната азбука на христијанскиот религиозен систем.

Со авро-словенските напади настапува период на варварството и завршува златниот период на градот Хераклеја. Иако не се населиле само тука, туку насекаде, сепак успеале засекогаш да го прекинат урабниот живот на градот со вековно наталожени искуства.

Општи информации

  • Положба: во близина на Битола
  • Период: хеленистичко време, римско време, доцноантичко време

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре