Цоцев Камен

На 25 км од градот Кратово, во близина на маалото Цоцевци и селото Коњух се издигнува една карпа која се издвојува од околните ридишта со својата специфична структура и облик. Предводените од максимата “Не верувам додека не видам со свои очи“ дефинитивно мораат да ја посетат “карпата која зборува“, опкружена со вулкански карпи и пештери во кои се скриени трагите на првобитниот живот токму на овие простори. Локалитетот е наречен “Цоцев Камен“ кој досега во јавноста предизвика големи контроверзии и поради тоа важи за едно доста атрактивно место и мистерија со сето она што се крие таму некаде.

Кон ова магично место може да се пристигне од неколку страни, но најдостапен и наједноставен е асфалтираниот пат кој води кон селото Коњух каде што движејќи се од вашата лева страна цело време ќе ја гледате карпата која се издвоува од околината. Патот е доста питом и лесен дури и за сите, но искачувањето на самата карпа која е висока околу стотина метри е доста голем залак и не е препорачливо за луѓе кои не се физички подготвени.

Во пештерата Цоцев камен која се наоѓа на надморска височина од 481 м живееле предци од римскиот период па се до средниот век. Во времето на мезолитот кога народот го достигнал своето повисоко културно ниво, почнал да се преселуваод пештерите кон вулканската карпа и започнал со иградба на лесни живеалишта, односно еден вид на шатори од дрвени греди, гранки и кал подигнати врз платото на камениот блок.

Од страната на пристапниот дел на карпата, преку скалилата на самиот почеток се стигнува до т.н. Мала пештера, а веднаш потоа и до Голема пештера која се наоѓа над неа. На пониските платоа на Каменот се наоѓаат две истакнати ниши кои на прв поглед наликуваат на престоли, но можно е нивната намена да била поинаква. Преку нив, по вертикални скалила се стигнува до уште една платформа во која има издлабени базени за кои се верува дека биле користени како резервоари бидејќи собирале огромно количество на вода. Пешери има и од задната страна на карпата, но таму не биле изведувани ритуали.

На западната страна на Цоцев Камен се наоѓа поткарпа со полуовална форма на која се нацртани знаци со црвена боја, а прикажуваат човечки, животински, геометриски мотиви и мотиви со недефиниран карактер.

Источно од Цоцев камен на некои стотина метри можат да се забележат исправени камења кои биле толкувани како мегалити. Некои од истражувачите веруваат дека овие камења служеле како сончеви и месечеви маркери, а врвот на карпата се наоѓа престол свртен на исток од каде што се следи во која точка изгреваат Сонцето и Месечината па оттука се формира и сончевиот календар. Бидејќи не постојат некои научни докази дали станува збор за праисториска опсерваторија останува на трагачите по малку мистичност и авантура да го истражат ова место и да се уверат самите.

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре