Баргала

Во подножјето на планината Плачковица, на оддалеченост од само 12 км североисточно од градот Штип, постои порта која води кон доцноантичкиот град Баргала. Благодарение на љубопитноста на археолозите, денес можеме одблизу да го почуствуваме пулсот на живеењето на еден од најзначајните антички градови на територијата на Македонија.

Пред да ја пречекорите портата и да започнете да го составувате мозаикот на градскиот живот кој се одвивал тука, ќе се најдете пред исправени ѕидини опкружени со кули, момументални влезови и порти. Отвореноста и достапноста на ѕидините од сите страни ви нудат детална прегледност на целиот регион. Во периодот кога градот функционирал како воен камп, ѕидините биле зајакнати со вкупно дваесет четириаголни кули, а во внатрешноста имало простории во кои биле сместувани војниците и коњите. Откако градот ќе го изгуби стратешкото значење како воен камп, ќе биде разурнат. Во периодот од 5-6 век прераснува во цивилно-епископски град.

Едно од најголемите изненадувања од последните арехолошки истражувања на локалитетот е откривањето на винаријата. Се претпоставува дека визбата датира од шестиот век. Содржи два базена со длабочина од 30 см кои служеле за газење на грозјето.

Во овој значаен град се наоѓа и храмот на првите христијани. Карактеристично за црквата е ктиторската композиција насликана во средината на 14-от век на која што ктиторот го држи моделот на црква што не одговара на нејзиниот денешен изглед. Во нејзината внатрешност има гроб со непознато потекло, а околу црквата откриена е некропола со гробни дупки и камени гробни конструкции.

Додека надлежните не го покријат локалитетот со официјални водичи, најдобар водич за приказните кои се ткаат околу видливите и невидливите траги од животот на некогашниот антички град Баргала ќе ви биде чуварот на локалитетот. Не сокривајте си ја вашата љубопитност и желба за разговор, бидејќи токму од него ќе слушнете по некоја приказна за монументалните ископувања на теренот.

Општи информации

  • Положба: во близина на Штип
  • Период: античко време

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре