Ниџе

Првото нешто кое што би ги предизвикало големите авантуристи претставува освојувањето на највисокиот врв на планината Ниџе – Кајмакчалан (2.521м). Но, верувајте дека оваа планина крие и многу други искушенија кои ќе ве остават без зборови. Токму таму, на самиот врв завиена под облаци, под закрила на небото самува спомен-црквичката и костуруцата во која се останките на многу загинати јунаци во последниот јуриш на Солунскиот фронт.

Сместена на македонско-грчката граница, источно од Пелагониската котлина, Ниџе е петта планина по височина во Македонија. Богата со шума, планински пасишта и специфична фауна. На Ниџе нема да забележите планинарски дом. Ако решите да преспиете тогаш можете да останете во ловечкиот дом кој работи само за викендите или пак, во Шумската куќа која се отвара само ако претходно се најавите во дирекцијата на шумското стопанство Кајмакчалан-Битола. Од селото Скочивир до ловечкиот дом можете да стигнете со половина час пешачење, а додека пак, авантурата до Шумската куќа трае околу 4 часа. Оттаму до караулата имате уште само еден час пешачење, а до врвот уште некои два ипол часа. Се на се, вкупно осум часа до врвот Кајмакчалан. Затоа, со вас, потребно е да си понесете доволно количество на течности, вода, соодветна храна и облека.

Освен раскошните планински пејсажи, падините на Кајмакчалан кријат многу нерасветлени настани од периодот на Првата светска војна, со која всушност е неразделна приказната за овој врв. Во тој период се случиле многу војувања и борби, во кои трагично загинале многу јунаци. Во таа чест горе на врвот им било изградено спомен-обележје на илјадниците војници кои го изгубле својот живот, кое што во 1928 година било преобразено во капела. Спомен-капелата била осветена заедно со костурицата во која биле собрани коските на загинатите борци од околината.

Општи информации

  • Највисок врв: Кајмакчалан (2521 мнв.)
  • Патеки до врв: од с.Скочивир

Планинарски домови (сите)

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре