Баба

Кога одиме во Битола, секогаш гледаме да го посетиме прочуеното корзо и центар на сите случувања во градот уште од дамнешни времиња, шеталиштето Широк сокак, но и преубавата битолска чаршија каде што се случувале сите трговски дејствија во отоманското време. Тоа е духот на Битола, заедно со нејзините стогодишни градски куќи, и сите збиднувања што се одвивале некогаш како дел од животот на градот.

Додека опремата за освојување на врвот Пелистер не очекува некаде по битолските паркинзи, ние се обидуваме да го почуствуваме духот на градот на утрински кафе-муабет и психолошки подготовки за подвигот што не очекува за некој час.

По завршувањето на малиот ритуал продолжуваме со радостите за она што не очекува. Полека навлегуваме со автомобилот во националниот парк и одиме до првата појдовна точка длабоко во шумата меѓу повеќе вековните дрвја. Од таму пеш ги започнуваме нашиот благороден поход кон освојувањето на врвот Пелистер.

За името Пелистер се кажуваат повеќе преданија, за неговата етимологија односно потеклото. Се вели дека потекнува уште од античките времиња од македонските племиња Пелагонци и Линкестиди што го населувале овој предел, односно планината. Додека се вели и дека постои веројатност да доаѓа од зборот перистер што означува гулаб, и оттука веднаш се помислува на белосивиот камењар што може да се види по планината. Друго думање за името, повторно поврзано со биосферата на прекрасната и уникатна планина, е поврзано со едно растение што е карактеристично за планината Баба, а тоа е борот со пет иглички наречен перистер.

Во југозападниот дел на Македонија можеме да го посетиме националниот парк Пелистер. Овој прекрасен парк е распространет по северниот дел на планината Баба, која е најјужната планина на Балкан што има алпски карактер. Овој национален парк е најстариот во Македонија, и првпат е заштитен со закон во 1948 година. Тогашните власти ја увиделе уникатноста на регионот, интервенирале паметно. Во него, односно на планината Баба има повеќе врвови што ја надминуваат границата од 2 000 метри. Како прво, највисокиот е 2 601 метар, а тоа е врвот Пелистер. Сите тие врвови меѓусебно се одвоени со неколку длабоки долини. Паркот има и туристичко-рекреативна зона, која е особено популарна зиме за време на ски-сезоната, но и лете кога луѓето уживаат во излетите и прошетките.

Националниот парк има свое богатство. Полн е со недопрени убавини и интересни феномени, невообичаени формации како белези за минатото, со специфична геолошка структура, ретко видена вегетација која е карактеристична за паркот. Паркот има поволни и специфични услови за создавање на свое уникатно природно богатство.

Она што е највпечатливо на планината Баба, односно во националниот парк, се камените реки. Тоа се всушност натрупани карпи од гранит и кварц, кои полека низ годините се лизгале низдолно и создале еден вид теченија. Лизгањето се одвивало поради замзрнувањето и одмзрнувањето на карпите во времето кога највисоко на планината владеела снежна зима. И не само реки, има и камени мориња!?! Тоа се всушност релјефни форми што се создале со дробење на карпите од мразот, само што истите останале на своето место и создале огромни простори со камења и карпи. Има еден куп забава за географичари.

Шумите во националниот парк Пелистер содржат уникатни дрвја и растенија. Меѓу осумдесет и осумте видови дрва во Пелистер, може да се најде дрвото Молика, кое не постои никаква шанса да се види некаде на друго место во светот (освен на уште пар планини на Балканот). Тоа е бор со пет иглички кој што во Пелистер го достигнува својот врв во еволуцијата и може да се види само над 600 метри надморска височина. Моликата е многу издржливо дрво, таа може да издржи и сибирски температури, а во Пелистер може да се наиде и на молики стари по два века.

Општи информации

  • Највисок врв: Пелистер (2601 мнв.)
  • Патеки до врв: oд хотел Молика по камењар, од Ниже Поле, од Болници

Планинарски домови (сите)

Мапа

Погледнете ја поставената галерија онлајн на:
http://www.tourguide.mk/istrazi/planini/nad-2500-mnv/baba#sigProGalleria4d3328b79f

Видео

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре