Осогово

Легендата вели дека името Осоговски Планини настанало со спојување на зборовите од старо-германскиот јазик „osso“ (Господ) и „gov“ (место) што во превод би значело „Божјо место“.

Високиот и громаден планински масив, уште попознат како Осоговските Планини е сместен помеѓу Славишката Котлина на север, Пробиштипско-Злетовскиот басен на запад, Кочанската котлина на југ и Струмскиот басен со Ќустендилската Котлина на исток на територија на Република Бугарија. Според нејзината површина, оваа планина е втора во Македонија веднаш по планинскиот масив Јакупица (Мокра Планина). Највисок врв е Руен (2.252 м), предизвик за многу од страсните планинари, а покрај него, таму горе во прегратките на Осогово се кријат уште 5 врва повисоки од 2000 м.

Планината изобилува со разновидна флора која се разликува по вертикалната разместеност. Во потпланинската зона до 1.000 м виреат даб, брест, габер, јасен, леска и други видови на дрва, а во планинската зона од 1.000-1.800 м претежно преовладува бука.

Релјефот на Осоговскиот планиски масив е претставен со високи, зарамнети и долги планински била, кои меѓу себе се расчленети со длабоки речни долини, вулкански купи и кратери.

Длабоко во срцето на планинскиот масив се наоѓаат многу познати мотели, меѓу кои и најубавото одморалиште Пониква, планински куќи, викендички и базите „Тораница“ и „Тошино боиште“.

Општи информации

  • Највисок врв: Руен (2252 мнв.)
  • Патеки до врв: од Крива Паланка и од Пониква

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре