Кожуф

Зачуваните убавини и благодети, сокриени во мистичноста на планината Кожув ја прават особено идеална за вистинските љубители на природата и долгите прошетки. Од неодамна Кожув влезе на листата омилени дестинации на оние кои уживаат и во зимските спортови. Одличните зимски услови, новите ски-лифтови како и жичницата, се повеќе од доволна причина за Кожув да биде вброен во центрите за релаксација и уживање и зиме и лете. Поради близината на Егејското море (околу триесетина километри воздушна линија) на оваа планина доминира комбинираната континетално-медитеранска клима. Поради тоа можете да уживате во било кој период од годината.

Простирајќи се на границата помеѓу Македонија и Грција, западно од Гевгелија, токму од македонската страна планината се спушта долго, постепено и благо. Патот кој води до Кожув започнува од Гевгелија, каде за помалку од 20 км асфалтиран пат се стигнува до селото Коњско. Оттаму патот води до новиот ски-центар на локалитетот Момина Чука (1.1850 м). Центарот е најсовремено опремен со два ски-лифта кои имаат капацитет за пренесување на 3.000 скијачи за еден час до врвот на жичницата. Бидејќи се наоѓа на северната страна снежната покривка се задржува доста долго и поради тоа скијачката сезона трае повеќе месеци.

Без оглед на тоа дали ќе одлучите да ја посетите индивидуално или организирано, шетајќи низ шумите и расцутените ливади ќе уживате вистински. Пред вас ќе се отвори оваа убавица во сета своја раскош. Планината е доста питома, со широколисни букови и дабови шуми сместени во самото подножје, а на повисоките места иглолисни шуми. Особено ќе ве маѓепса мирисот од Егејското море што провејува во текот на летните месеци. Умерените температури и питомоста ќе ги поттикне да започнат со планинарење дури и оние кои досега тоа не сакале да го сторат.

Освен што Кожув преставува предизвик за љубителите на планинарењето, нуди прекрасна можност и за оние кои се љубители и на риболовот. По брегот на реките Дошница и Бошава ќе можете да си ја исполните вашата душа и очи истовремено.

Општи информации

  • Највисок врв: Зелен брег (2171 мнв.)
  • Патеки до врв: од Смрдлива Вода

Планинарски домови (сите)

, Мрежичко

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре