Галичица

Подеднакво привлечна за планинарите, авантуристите, параглјадеристите и настроените велосипедисти, како и за страсните научници, но и за сите вљубени во природата и природните убавини. Шармантната Галичица е сместена помеѓу двете најголеми природни езера, на крајниот југозападен дел во нашата земја. Ако решите да ја посетите ќе ја доживеете различно во секој период од годината.

На запад и прпаѓа на Охридската котлина, а на исток на Преспанската, па така откако беше формиран националниот парк Галичица, во 1958 година, влезе во рамките на Охридското и Преспанското крајбрежје, како и самата Галичица. Патот кој води до планината е современ и асфалтиран во должина од 80 км. Истовремено води и до крајбрежјата Охридското и Преспанското, но и до нејзиниот централен дел на надморска висина од 1.550 м од каде што има неверојатна глетка која ќе ве остави без здив гледајќи ги двете езера истовремено.

Иако е доста сиромашна со вода, изобилува со разновиден растителен свет и тоа над 1000 видови. Меѓу нив се среќаваат доста ретки видови на флора и фауна кои претставуваат огромен предизвик за современите научници.

Предизвик за планинарите преставува врвот Магаро до кој можете да пристигнете од селото Пештани кое се наоѓа на брегот на Охридското езеро. Од ова село кон врвот води една релативно лесна и добра патека со доста стара маркација. Откако ќе пристигнете до манастирчето ќе завртите лево и влегувате во шумата. Додека пешачите сите сетила ќе ви се наполнат со убавини. Маркираната патека ве води на асфалтираниот пат кај Ајдучка чешма. Од чешмата, преку преслапот скршнувате десно и ќе забележите уште еден маркиран пат кој ве води дирекно на врвот Магаро за отпрлика еден и пол час пешачење. До преслапот можете да дојдете и со автомобил по патот што води од Охрид за селото Трпејца и Свети Наум.

За страсните велосипедисти, во 2008 година во селото Велестово беше отворена велосипедска патека преку која сите вљубеници на велосипедизмот можат да го започнат освојувањето на планината. А додека, пак, за оние кои обожуваат да танцуваат со ветрот, таму горе во бескрајниот простор, прегрнати со облаците, врвовите на Галичица се идеалните места за полетување и се нивна честа дестинација. Ако некогаш сте забележале на небото „чудни птици во најразлични бои“ – тоа се параглајдеристи кои пловат по небото.

Општи информации

  • Највисок врв: Магаро (2255 мнв.)
  • Патеки до врв: од с. Љубаништа и од с. Пештани

Мапа

Погледнете ја поставената галерија онлајн на:
http://www.tourguide.mk/istrazi/planini/nad-2000-mnv/galicica#sigProGalleriaf70d32b7df

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре