Бистра

Неодолливата убавица Бистра е сместена во централниот дел од Западна Македонија. Најпозната е по нејзините богати пасишта, а бидејќи се граничи и со Мавровското езеро, поголемиот дел од планината спаѓа во националниот парк „Маврово“. Во близина на овчарските пасишта доаѓаат 30-на видови диви коњи.

Планината претставува големи зарамнет масив, опркужен со бројни врвови високи и повеќе од 2000 метри надоморска височина. Највисокиот врв кој спие мирно, распостелен во прегратките на Бистра е врвот Меденица (2163 м). До него може да пристигне по стандарната насока од најпознатото село Галичник, кое пак, се наоѓа на 1350 метри. Особено атрактивно е ова место во летниот период кога се случува и познатата Галичка свадба.

Бистра се граничи со дури 6 други планини меѓу кои: Шар Планина, Буковиќ. Стогово, Крчин, Дешат и Кораб.

Поради богатството со растителен и животински свет, како и пријатната и лековита клима, Бистра се вбројува меѓу туристичките места кои се доста атрактивни и привлечни, овозможувајќи развој на зимскиот скијачки и летниот стационарен туризам. Токму таму, се наоѓа голем скијачки центар, каде патеките за скијање се подоготвени така да љубителите на овој спорт вистински уживаат во секој момент. Освен ваквото задоволство, секако дека можете и да уживате шетајќи низ прекрасните предели кои се кријат во срцето на една од најубавите планини во Македонија. За каква и релаксација да се одлучите нема да погрешите, бидејќи штом стапнете со едната нога вие веќе сте во рајот.

Општи информации

  • Највисок врв: Меденица (2163 мнв.)
  • Патеки до врв: од с. Галичник и од с. Беличица

Планинарски домови (сите)

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре