Водно

Секој што барем еднаш се искачил на планината Водно, без оглед на тоа дали само до средно Водно или пак до врвот, знае точно зошто оваа планина е најпосетувана. Сместена во јужниот дел на Скопската котлина, целосно владее со пејзажот на главниот град Скопје. Од 2002 година, на врвот на Водно, на надморска височина од 1066 метри се возвишува нов современ симбол, уште познат како Милениумски крст. Изграден точно во највисоката точка на врвот, на крстоварот или место на крстот, бидејќи во минатото на тоа место се наоѓал помал крст.

За неговата градба постоеја разни критики и реакции. Но, во секој град кога настануваат промени, истите се подложни на коментари, а подоцна тие обележја стануваат најпосетувани. Дали овој симбол ќе важи за највпечатлив на главниот град, останува времето да покаже. Изграден по повод 2.000 години од раѓањето на Исус Христос, Милениумскиот крст се возвишува над главниот град како современа архитектонска градба. Во Крстот има вграден лифт кој овозможува на секој посетител да ужива во една незаборавна глетка на главниот град која просто ви го одзема здивот.

Планината Водно неодамна стана достапна не само за оние активните планинари, туку и секој што има желба да поужива во природата, а не може и не сака да пешачи. Иако патот до врвот не е многу долг и напорен, се стигнува за час и половина со умерено темпо, сепак постојат и оние кои сакаат само да уживаат во глетката без да ги оптеретуваат мускулите. До средно Водно и онака можеше да се пристигне со автомобил, но неодамна е пуштена редовна линија на автобуси кои возат до таму. Откако ќе пристигнете на средно Водно, за само 6 минути со жичницата ќе се најдете на врвот и можете да уживате во незаборавната и недопрената природа. Жичницата брои 28 кабини, а во една кабина можат да се сместат 8 патници, што значи дека во еден час се превезуваат 1.200 патници. На самите кабини е монтирана опрема за превезување на велосипеди и ски опрема. За поекстремно насочените ентузијасти, планината е достапна за освојување и со велосипед кој навидум можеби изгледа како лесен подвиг, но додека не пробате нема да знаете. А кога веќе еднаш ќе го освоите врвот со велосипед, се навлекувате за навек. Било како и да се одлучите да и пристапите на планината, задоволството е загарантирано, а чувството незаменливо. Вашето тело ќе ви биде благодарно за она што ќе му го подарите, а духот уште во првата секунда ќе ви се подмлади.

Општи информации

  • Највисок врв: Крстовар (1066 мнв.)
  • Патеки до врв: од ОУ Кочо Рацин по Димитар Цветкова и од с. Горно Соње

Планинарски домови (сите)

Мапа

Видео

Погледнете ја поставената галерија онлајн на:
http://www.tourguide.mk/istrazi/planini/nad-1000-mnv/vodno#sigProGalleriab69faa3404

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре