ИстражиПланиниНад 1000 мнв.Скопска Црна Гора

Скопска Црна Гора

Во непосредна близина на градот Скопје, влегувајќи со својот југозападeн дел се надѕира планината Скопска Црна Гора на која се прошарани долини, водотеци, селски населби со автентична традиционална архитектура.

До планината можете да стигнете со автомобил, но и со некој од автобусите на ЈСП што возат до блиските села Бањани или Кучевиште. Без оглед на вашите желби и потреби, планината ви овозможува прошетка, релаксација и незаменливо уживање во прекрасната природа.

За љубителите на малку поекстремните спортови како што е параглајдерството, но и за оние кои никогаш досега не го пробале тоа, а сакаат да си го остварат сонот и да запловат низ бескрајниот простор токму оваа планина е таа која ќе ви овозможи тоа. Во деновите кога времето е погодно за летање некои од скопските клубови тука ги изведуваат своите полетувања. Планината е погодна и за други авантуристички спортови како мотоциклизам и планинарски велосипедизам.

На падините на Скопска Црна Гора се наоѓаат многу цркви и манастири. Во селото Горњани можете да го посетите манастирот Свети Никита посветен на овој свет воин. Во селото Кучевиште пак, можете да ја посетите црквата Воведение на Богородица (Свети Спас). Покрај останатите цркви и манастрири кои ќе ги сретнете по патот низ селата, побарајте ја и локацијата „Кула“ некогашната тврдина која се наоѓала во овој регион.

Планината во себе крие многу врвови, а од нив во рамките на нашата граница влегуваат Црн Камен и Пржар. Искачувањето до највисокиот врв Рамно (1.653 м) не е дозволено поради објектот од граничната полиција која е сместена на самиот врв. Планината е релативно лесна за искачување, а почетното место за тргнување е од селото Побожје до каде што можете да стигнете и со автобусите на ЈСП. Вообичаеното време кое ви е потребно да се искачите е 3-4 часа.

Општи информации

  • Највисок врв: Рамно (1651 мнв.)
  • Патеки до врв: од с. Побожје и од с. Љубанци

Мапа

Погледнете ја поставената галерија онлајн на:
http://www.tourguide.mk/istrazi/planini/nad-1000-mnv/skopska-crna-gora#sigProGalleria5a86f9ab04

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре