Плачковица

Убавицата сместена во источниот дел на Македонија, чија најголема мистерија е токму нејзината природна убавина зад себе носи една многу интересна легенда. Се вели дека во подножјето на планината Плачковица живеел земеј, но не од оние кои летале туку од оние водните, слични на кинеските змејови. Во времето на пајонските кралеви го бранел Светитот Град од непријателите, пливајќи во реката Брегалница, која тогаш течела низ целата Кочанска котлина. Кога нивото на водата се намалило, се повлекол во утробата на планината, чекајќи водата да надојде за повторно да завладее со своето кралство. Освен оваа легенда постои уште една поврзана токму со името на планината.

Имено, тогашниот крал Александар престојувал кај друг крал во регионот во кралството Пејонија. Нивната цел била да си помагаат во добро и во лошо и да ги продолжат добрите односи помеѓу двата народа. По направената спогодба на радоста и немало крај па почнале да ронат солзи радосници од кои се формирал поток-рекичка кој тогашните мештани го нарекле Плачковица. По неа ја прекрстиле и планината и така е позната и до ден денешен.

Издигната помеѓу Струмичко-радовишката Котлина на југ и Кочанската Котлина на север, посебноста на планината ја прави нејзиниот интересен рејлеф сочинет од кристални шкрилци и помлади еруптивни карпи. Поделена е на два дела источен и западен дел, каде што западниот дел е понизок, со највисокиот врв Туртел (1.689 м). Во источниот дел, кој е доста повисок, освен највисокиот врв кој преставува голем предизвик за планинарите Лисец (1.754 м), се издигаат и врвовите Чупино Брдо (1.725 м), Бел Камен (1.707 м), Кара Тепе (1.625 м) и други. Под највисокиот врв Лисец се издигаат два планинарски дома „Џумаја“ и „Вртешка“. До првиот дом се стигнува по добар земјен пат во должина од 2 км, од каде што до самиот врв ќе ви бидат потребни некои два часа пешачење по маркирана патека. За да пристигнете до вториот дом пак, ќе поминете низ многу извори и потоци, како и ливади кои се погодни за камшување.

Особено интересни се трите кањони сместени во прегратките на Плачковица- Камник, Козјак и Зрновка кои изболуваат со карпи, преслапи и водопади. До сите кањони е обезбедена посебна инфраструктура за непречено движење (маркации, билборди, патокази, сајли, ферети и место за одмор). Меѓу убавините кои се сместени во душата на планината, важно место заземаат и пештерите од кои само пет од нив се истражени и достапни за посета. Најголема од нив е Голема Пештера со должина од 600 м.

Општи информации

  • Највисок врв: Лисец (1754 мнв.)
  • Патеки до врв: од с. Вртешка, од пл.дом Џумаја и од Виничка страна

Планинарски домови (сите)

,

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре