Илинска планина

Мистичната Илинска Планина е дел од планинскиот масив од Демир Хисар која длабоко под своите пазуви го негува највисокиот врв Лиска со 1908 м. Најстарата планина на Балканскиот полуостров изобилува густи планински шуми и пасишта, извори на неодолива ладна вода и разновиден животински свет.

Илинска Планина се вбројува меѓу еколошки најчистите места во Македонија бидејќи располага со најчисти шумски и лековите билки и плодови. Поради неверојатно чистиот воздух и идеалната клима, ова место е измислено како за зимски така и за летен туризам. Љубителите на природата вистински ќе ја почувствуваат сета убавина и благодет која извира од секоја недопрена идила.

Од највисокиот врв Лиска ќе го изгубите здивот од погледот во најубавото Охридско Езеро. Можеби, за многумина тоа е и предизвикот да го искачат овој врв.

За искачување до врвот Лиска од с. Прострање потребни се околу 3,5ч. Иако оваа планина е богата со вода (над с. Прострање има и извор на природна минерална вода) додека се движите кон врвот нема извори на вода освен т.н. Тренски извор. Во село Големо Илино се наоѓа изворот на Црна река. Пред да се решите да го започнете патешествието кон примамливата убавица, со себе понесете си доволно количество на течности и храна.

До врвот Лиска може да се стигне и преку селата Големо и Мало Илино преку манастирот Св. Илија од Демирхисарска страна, и од с. Велмеј од Охридската страна.

Општи информации

  • Највисок врв: Лиска (1908 мнв.)
  • Патеки до врв: од манастир Св. Илија (демирхисарско) и од с. Велмеј (охридско)

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре