Беласица

Мистериозната Беласица која почива во близина на Струмица се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија, помеѓу соседна Грција и Бугарија. Во високите широки прегратки будно спие највисокиот нејзин врв Радомир (Калабак) 2029 м, кој е наречен по царот Гаврил Радомир, син на цар Самуил.

Оваа убавица изобилува со шуми и планински пасишта на кои, во летниот период многубројни стада доаѓаат на пасење. На нејзините шуми се среќаваат дабот, буката, борот, елата, јасенот и многу други. Трите тектонски водопади кои се изградени на планината претставуваат вистинска природна убавина по која е и позната Беласица.

Смоларскиот е еден од најубавите водопади кој е сместен во долниот тек на Смоларска Река, во реонот на селото Смолари. Сите вљубени во природата загарантирано ќе останат без здив и ќе уживаат во глетката и прошетката низ овој магичен водопад. Добрата страна е тоа што е лесно достапен за автомобил, а потоа само мал дел ќе мора да го пропешачите. Но, верувајте нема да зажалите.

Колешинскиот водопад е лоцирани во долниот тек на реката Баба на надморска височина од 500 м. Спроти него, на оддалеченост од околу 100 метри, се наоѓаат уште неколку помали водопади.

Габровските водопади се сместени веднаш над селото Габрово, по кое и го добиле името. Од сржта на нејзината чиста душа истекува ледено студена вода од дебелите разгранети буки, кои срамежливо се сокриваат длабоко во шумите.

Секој кој барем малку ужива во убавините на недопрената природа, нема да остане имун од убавината на Беласица.

Општи информации

  • Највисок врв: Радомир (2029 мнв.)
  • Патеки до врв: од с. Смоларе

Планинарски домови (сите)

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре