Тетово

Градот Тетово е град со богата историја, населен со повеќе етнички заедници кој мирно заспива на падините на Шара, во севорозападна Македонија на надморска височина меѓу 450-500 метри. Уште во минатото овој град бил поделен на два дела, Горна и Долна Чаршија, каде во Горниот дел претежно живееле муслимани, а во Долниот дел-христијани.

Интересна е легендата според која градот го добива токму ова име- Тетово. Во непосредна близина на градот, помешу два рида живеела змија од која сите се плашеле.Никој не се обидувал на страшната ѕверка да и излезе на мегдан. Само некојси Тето излегол храбар маж. Еден ден, наоружен со лак и стрела и со меч и штит, качен на својот брзоног коњ, тој се упатил кон загрозеното место. Кога стигнал таму, се појавила змијата и му го попречила патот. Тето не се уплашил. Го оптегнал лакот и со една стрела ја предизвикал ѕверката. Змијата почнала да реагира, испуштајки некаков глас. Разлутена, таа со голема брзина се упатила кон пленот. Но Тето бил бестрашен. Кога влекачот се доближил до него, тој замавнал со остриот и шилест меч и го пронижал. Така биле ослободени луѓето од страшилиштето, од опасната ѕверка. Излегол и стравот од нив, а преминот меѓу двата рида бил слободен и лесно прооден. Оттогаш, според легендата, местото каде што била убиена змијата со меч и штит, (калкан), било наречено Калкандели, а градот,(на турски), - Калканделен. Во сеќавање на јунакот Тето, пак, месното население населбата ја нарекло со името Тетово.

За вљубениците на природата и прошетката и оние кои вистински го поседуваат спортскиот дух, градот нуди неверојатен простор за релаксација и мала оддишка на чист воздух и разговор со тишината. На само 20-тина минути оддалеченост со автомобил ќе се најдетете во најпознатиот рекреативен центар- Попова Шапка кој во зимскиот период претставува вистинска атракција и собиралиште за страствените скијачи и бордери. Убавата вест и за оние кои љубат да планинарат и да се поврзат со природата е тоа што во летниот период оттаму можат да тргнат во освојување на некои од многуте врвови кои Шара несебично ги крие под своите закрила.

Општи информации

  • Површина: 1.080 km²
  • Популација: 52.915 жители
  • Надморска височина: 486 m
  • Поштенски код: 1200
  • Позивен број: +389 (0)44
  • Координати: 42.0°N, 20.58°E

Мапа

Facebook

Времето денес

Настани

Партнери


Социјални мрежи

Оди најгоре